Гаши се прости со Дејвид Гир
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил проштална средба со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, на кого му завршува мандатот во земјава. На средбата, соопшти собраниската прес-служба, присуствувала и генералната секретарка на Собранието Марина Димовска.
- Соговорниците разменија мислења за досегашните постигнувањата на Северна Македонија во рамки на процесот за интеграција во ЕУ, како и за чекорите што треба да се преземат во наредниот период, во насока на исполнување на критериумите за полноравно членство. Претседателот Гаши се заблагодари за придонесот на амбасадорот Гир во овој процес и за соработката во текот на неговиот мандат, која ја оцени како мошне значајна и продуктивна, се наведува во соопштението.
Амбасадорот Гир го поздравил активниот пристап на Гаши во изминатиот, како што рекол, краток период по неговиот избор за претседател на Собранието.
Претседателот Гаши посочил на улогата на Европскиот парламент и на Делегацијата на ЕУ во земјава за донесувањето на новиот Деловник, како основа за поголема ефикасност и за олеснување на процедурите во законодавниот дом.
Соговорниците се осврнале и на заокружувањето на прцесот на формирање на работните тела и на меѓупартиските групи во Собранието, по конституирањето на новиот собраниски состав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа