Гаши: Извештајот на ЕК е позитивен, има мал напредок

 

Собранискиот спикер Африм Гаши оцени дека извештајот на Европската комисија е позитивен и се забележува напредок. 

Одговарајќи на новинарско прашање рече државата се обидува наредната година да направи сѐ за реформската агенда. 

-Се обидуваме наредната година да направиме се преку реформската агенда и преку сите препораки кои се дадени во извештајот да ги имплементираме што побргу за да следната година не само извештајот да биде позитивен, туку тоа го правиме најмногу заради нас да имаме пофункционално Собрание, потранспарентно и да бидат задоволни и пратениците и граѓаните од работат ана Собранието, рече Гаши.

31.10.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега