Габриел: Имињата на министрите ќе бидат објавени в понеделник
Структурата на Советот на министри останува иста, не дека не може да се размислува за промени, но во моментов немаме време за тоа, изјави Марија Габриел, предложена за премиер од ГЕРБ-СДС.
Таа додаде дека имињата на министрите ќе бидат објавени в понеделник.
-Во оваа фаза ми е јасен профилот околу кој се обединивме, експерти кои ја познаваат темата, работат на брзи резултати што луѓето можат да ги почувствуваат, посочи Габриел.
Таа денеска во кабинетот на претседателот на Народното собрание разговараше со претставници на ДПС и Има таков народ.
Таа им се заблагодари за поддршката за јасната визија за експертска влада со мандат за приоритетите.
Прво, како приоритет Габриел ги наведе луѓето и резултатите што сакаат да ги видат со редовна влада.
-Тоа е поврзано со општествено одговорен, разумен буџет, да нема нестабилност и неизвесност за платите и исплатите. Владеењето на правото, судските реформи, уставното мнозинство, планот за закрепнување, оперативните програми, инвестициите за Бугарија и регионите, исто така се приоритет, наведе Габриел.
Габриел најави дека и партиите кои ја поддржуваат се подготвени за уставни реформи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа