Франција и Германија ќе ја поддржуваат Украина се додека е потребно

Франција и Германија ќе ја поддржат Украина во борбата против руската агресија „непоколебливо и онолку долго колку што е потребно“, ветија денеска германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ќе продолжиме да и ја даваме на Украина сета неопходна поддршка, колку и да е потребно. Заедно, како Европејци, да го браниме европскиот мировен проект“, рече Шолц на церемонијата во Сорбона по повод 60-годишнината од договорот за помирување меѓу Германија и Франција.

Емануел Макрон потврди дека постои „непоколеблива поддршка“ од двете земји за украинскиот народ „на сите фронтови“.

„По 24 февруари нашата унија не се подели ниту ги избегна своите одговорности“, рече Макрон.

Целта на церемонијата во Сорбона е да се укаже на повторно откриеното единство меѓу двете земји чии односи се ослабени во последните месеци поради последиците од војната во Украина.

„Иднината, исто како и минатото, зависи од соработката на нашите две земји, која е како локомотива на обединета Европа“, рече Меркел, опишувајќи го „француско-германскиот мотор како компромисна машина“ .

„Датумот на состанокот е многу симболичен: 60 години откако Шарл де Гол и Конрад Аденауер го потпишаа Елисејскиот договор, „фундаментален чин на помирување меѓу двете земји кои беа најжестоките непријатели, но одлучија да бидат најблиски сојузници“, рече Макрон. 

22.01.2023 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега