ФОТО: Том Круз претера со ботоксот - изгледа непрепознатливо
Том Круз го искористи викендот за пријатно семејно дружење на бејзбол натпревар во Сан Франциско, придружуван од неговиот син Конор кого го посвои во брак со Никол Кидман.
Изгледот на познатите личности е постојано под лупа, така што и најмалите промени не поминуваат незабележани од таблоидите или корисниците на социјалните мрежи. Новото лице на Том Круз не помина под радарот, згора на тоа, фановите почнаа да нагаѓаат дали драстичната промена е резултат на естетски зафат, многу филери или вишок килограми.
Наместо да пишуваат за неговиот син, медиумите и твитерџиите овој пат се фокусираа на славниот актер, најмногу поради неговиот непрепознатлив изглед.
Имено, актерот кој видно уживаше и често се смееше за време на утакмицата, има поинаков изглед на неговото лице. Некои шпекулираат дека се здебелил, додека други велат дека отеченото и заоблено лице може да биде резултат на естетски корекции или прекумерна употреба на ботокс.
„Том, што направи со твоето прекрасно лице?“… „Ме разочара кога те видов на трибините“…„Направи нешто со лицето, или се здебели? “…„Дали е ова алергиска реакција?“…беа некои од коментарите на социјалните мрежи.
Сепак, имаше фанови кои застанаа во одбрана на актерот , коментирајќи дека тој изгледа одлично за својата возраст, како и дека има право да ја промени тежината без осудувачки коментари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа