(ФОТО) Потресни сцени пред вилата на Метју Пери: Родителите на ѕвездата на „Пријатели“ скршени од болка

Родителите на американскиот актер, Метју Пери (54) кој беше најпознат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, пристигнале пред неговиот дом во Лос Анџелес, каде славниот актер бил пронајден мртов.

 

Пери бил пронајден без знаци на живот во џакузито, а веднаш по дојавата, полицијата пристигнала во неговиот дом и го блокирала пристапот до куќата.

 

Само најблиските членови на неговото семејство можеле да се приближат до вилата на Пери, додека неговата мајка Сузан и очувот Кит Морисон биле видно потресени.

 

На местото на настанот бил и таткото на Метју, Џон Бенет Пери, кој пристигнал веднаш по полициските екипи. Фоторепортерите го фотографирале и возилото на судската медицина, а во близина на куќата се собрале неговите пријатели, како и бројни обожаватели.

 

Медиумите пишуваат дека токму мајката Сузан морала да го идентификува неговото тело.

 

29.10.2023 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега