(ФОТО) Ова се мајката и ќерката кои изгореа во возилото кај Суботица - пијан возач удрил во нивниот автомобилот
Санела С. и нејзината ќерка Марија.С. Тие изгореа синоќа во пожар што избувнал во нивниот автомобил по сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во Мала Босна кај Суботица синоќа во 19 часот и 20 минути.
Сообраќајната несреќа се случила кога Ј.Т. (52) управувајќи „пасат“ поради непрописна брзина, изгубил контрола над возилото и престигнал возило „фиат панда“ што се движело пред него и го удрил. По судирот двете возила се превртеле на покривот, а Фиатот се запалил.
Две лица од „фиатот“ починале на местото на настанот, додека Ј.Т. и неговата сопатничка од „пасатот“ се пренесени во болницата во Суботица каде им се констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
Утврдено е и дека Ј.Т го управувал „пасатот“ со 2,07 промили алкохол во телото и против него по наредба на надлежен јавен обвинител во Суботица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа