ФОТО: Наместо да прави свадба, замина во смрт - Момче загина на ергенската вечер, трагедија го потресе регионот
Стефанос Кемос, 30-годишно момче од градот Трикала во Грција, се удави за време на својата ергенска вечер во Лефкада, па наместо да го чека најсреќниот момент во животот, замина во смрт, а трагедијата го потресе регионот.
Трагедијата се случи на 25. Мај кога момчето кое славело со пријателите, се удавило во морето. Несреќата се случила попладне, кога отишол да плива во морето, и покрај тоа што дувало ветер и имало бранови, а за жал се удавил скоро веднаш откако влегол во вода.
Свадбата на Стефаннос била закажана за во месец јуни.
Плажата Катизма е една од најпознатите во Лефкада и е често посетувана од туристи од Балканот, но позната е по силни ветрови. Во 2023 година, 50-годишен турист се удавил во морето, додека неговата сопруга била спасена во последен момент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа