Трагедија: 38-годишен маж од Гевгелија пронајден починат

 


Вчера во 11.20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека во семејна куќа во Гевгелија е пронајден починат С.Х.Н.(38) од Гевгелија.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

29.05.2025 - 14:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега