(ФОТО) Министерот Николовски во посета на винарија: „Мерките ги даваат резултатите - нашето вино е високо позиционирано во светот“

 

„Денот го завршуваме со посета на малата бутик винарија Brzanov Artisan Winery - Винарија Брзанов“, напиша на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николоски. Во објавата министерот истакна дека македонското вино било високо позиционирано на светската винска мапа, благодарение, како што напиша, на владините мерки.
 
„Заедно со министерот за храна и земјоделство Cem Özdemir го проследивме начинот на производство на еден од најпрефинетите вински вкусови со премиум квалитет.
Македонското вино е позиционирано високо на светската винска мапа, благодарение на мерките кои ги креираме за винскиот сектор. Поддршката пак што ја даваме за малите семејни винарии во облик на грант од 10.000 евра, дополнително го модернизира винскиот процес“, напиша министерот Николовски на ФБ.

03.10.2023 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега