Фон дер Лаен: Европа ќе ја поддржува Украина сè додека е потребно
Европа ќе продолжи да ја поддржува Украина сè додека е потребно во односите со Русија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, на Светскиот економски форум во Давос.
Таа додаде дека оваа помош се рефлектира во „повторно воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, греење и вода, како и подготовки за долгорочни напори за реконструкција“ на земјата.
Обраќајќи им се на учесниците на Форумот во Давос, таа рече дека Европската комисија ќе подготви закони за индустрии без емисии на стакленички гасови поттикнувајќи ги зелените технологии.
„Новата регулатива ќе постави јасни цели за чиста технологија до 2030 година. Целта ќе биде фокусирање на инвестициите на стратешки проекти по должината на синџирите на снабдување, како и поедноставување и забрзување на процедурите за одобрување нови производствени локации“, рече претседателката на Европската комисија.
Таа исто така ги осуди агресивните обиди за привлекување индустриски капацитет од Европа кон Кина и на други места, особено во областа на технологиите за чиста енергија.
Фон дер Лаен додаде дека Европската Унија нема да се двоуми да отвори истраги доколку смета дека европските пазари се загрозени од таквите субвенции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа