Филипче: Ветуваа мудри политики, а сè што гледаме е само влошување на односите со Бугарија

 

ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со укажување и ветувања во предизборната кампања дека интензивно ќе работат и ќе ја подобрат нашата преговарачка позиција во однос на францускиот предлог и на се она што треба да се направи пред почетокот на преговорите со Европската Унија. Ветуваа некаква мудра политика и дека ќе направат подобра позиција отколку што ние сме постигнале. Но, се што гледаме е само влошување на односите со соседите.

Oва денеска го кажа првиот човек на опозициската СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за односите меѓу Скопје и Софија.

-Не гледаме ниту еден чекор во насока на обид да се направи нешто во контекст на она што го ветуваа. Иако тоа било дел од стратегијата, навистина не гледам што има мудро во оваа политика. Сметам дека досега оваа влада не покажа никаква намера да го продолжиме европскиот пат, вели Филипче.

Прашан, како ги оценува односите меѓу Македонија и Бугарија, претседателот на СДСМ вели дека граѓаните очекуваат да продолжат неопходините чекори за старт на преговорите со Унијата, и тоа час поскоро.

-И тоа е обврска на владата. Да направат се, согласно нивните ветувања, дека ќе ја подобрат позицијата. Се што гледаме е само влошување на нашите односи со Бугарија. Тоа не оди во прилог на националните интереси на земјата, рече тој.

02.09.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега