Филипче: Сметам дека Африм Гаши треба да биде разрешен

 

Претседателот на СДСМ смета дека пратеничката група на неговата партија треба да даде поддршка на интерпелацијата за собранискиот спикер Гаши која што ја поднесоа пратениците на Левица.
Филипче денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека негов личен став е дека треба да се гласа за недоверба на Гаши но дека ќе ја чека одлуката на неговата партија која во овој момент одржува координација со пратениците.
Интерпелацијата за Гаши на дневен ред пред пратениците ќе се најде на утрешната седница

02.09.2024 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега