Филипче: Многу ќе добиеме ако ги внесеме Бугарите во Уствот - ќе се знае дека сме различни народи

Македонија ќе има сериозни придобивки ако ги внесе Бугарите во Уставот, смета опозицискиот лидер Венко Филипче. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата на која ги критикуваше првиое 100 дена работа на Владата, Филипче објасни дека ако внесеме бугарско малцинство во Уставот, ќе стане јасно дека сме различни народи

Сметаме дека тоа што јасно ќе биде детерминирано бугарското малцинство во Уставот е сериозна придобивка бидејќи за прв пат после повеќе децении паѓа во вода еден дел од бугарската политика дека ние сме еден народ во две држави што значи дека од национални прашања на ниво на идентитет, тие прашања се сведени на ниво на малцинство“, потенцира Филипче.

01.10.2024 - 18:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега