ЕВН Хоме: Исклучувањето на корисниците се користи само како крајна мерка

 

ЕВН Хоме секогаш го користи исклучувањето на корисниците само како крајна мерка. Во врска со исклучувањето на заедничката потрошувачка во кулата Б од Џевахир, до сопственикот на броилото навремено било испратено опомена пред исклучување, информираат од ЕВН Хоме во писмено соопштение до медиумите.

„Законска обрска на управителите на зградите, а особено на такви висококатници, е да имаат обезбедено агрегат за лифтовите, бидејќи прекини во снабдувањето може да настанат од повеќе причини. 

ЕВН жали за настанатата ситуација, но компанијата е надлежна само во делот на мрежата до броилото. ЕВН не во позиција да се вмеша во внатрешното менаџирање на висококатниците“, додаваат оттаму.

14.02.2023 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега