ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство
Фудбалската федерација на Македонија ги врати старите дресови под притисок од јавноста. Сега, старите дресови, ЕСПН ги прогласува за најубави на целото Европско првенство.
Новинарите Клинтон Јејтс и Херк Гомез од американскта телевизија „ЕСПН“ го избраа дресот на Македонија за најимпресивен на ЕВРО 2020, кои споменуваат дека државата ја прогласи својата независнот во 1991 година, а во 2019 беше променето уставното име, но покрај тоа се импресионирани од изгледот на националниот дрес.
– Ова е неверојатно, тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е претставено многу директно на нивните дресови. Моите пријатели од Македонија неодамна го изненадија фудбалскиот свет победувајќи ја Германијa (2:1). Погледнете го ова знаме, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате на вашиот дрес имате шанси – велат новинарите во пофалните зборови за опремата на македонскиот национален тим.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа