Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос
Една елитна ескорт дама откри што се случува зад затворени врати во Давос за време на Светскиот економски форум, вклучувајќи го и она што богатите навистина мислат дека ќе се случи со светот во блиска иднина.
Саломе Балтус (40), која е и писателка од Берлин, отпатува во Давос, Швајцарија, за да се сретне со клиентите за време на годишниот собир на светската елита. Таа за Дејли Мејл откри што дознала за глобалната елита. Многумина од нив се песимисти за судбината на светот, па решиле да уживаат додека трае, пишува весникот.
Убедени дека ни претстои климатска апокалипса, тие бесрамно го трошат своето огромно богатство на скапи придружнички во Швајцарија, пристигнувајќи со нивните еколошки неприфатливи приватни авиони.
„Климатските промени се „слонот во собата. Сите знаат дека тоа повеќе не може да се спречи“, рече таа и додаде дека „супербогатите“ генерално можат да се поделат во две групи на оваа тема.
„Тие велат дека треба да ги лажете луѓето и да им кажете дека не сте знаеле подобро“
„Една група мисли дека тоа ги погодува само сиромашните, ‘небелата раса’, додека други стравуваат дека може да се влоши, но дека нема смисла да се обидуваат да направат нешто во врска со тоа, па тие едноставно уживаат. Едната половина е во очај, а другата – поглупавата – ги слави идните масовни смртни случаи. Се разбира, во Давос не е баш така, но таму е концентрирано (за време на Светскиот економски форум)“, изјавила Саломе за Дејли Мејл.
Саломе објасни дека некои од ултрабогатите луѓе кои спаѓаат во првата група велат дека оние во трети земји „сите би можеле да умрат, но ние на Север сме добро“.
„Велат дека во демократија треба да продаваш приказна, да ги лажеш луѓето и да им кажеш дека ‘не сме знаеле подобро и не мислевме дека ќе биде толку лошо’, без да признаат дека тоа го направиле. Потоа, постои друга група која мисли дека можеби не е така лесно, може да не погоди и нас поради непредвидливи верижни реакции. Но, велат дека не можат ништо против другите, па живеат по мантрата ‘по нас поплава’. Велат дека ќе уживаат во Земјата уште неколку убави години и знаат дека нема иднина. Тие се многу цинични и, на некој начин, тажни“, рече таа.
„Тие зборуваат за тоа само кога се пијани“
Саломе рече дека ваквите теми се дискутираат во бар, сауна или хотелско лоби, особено ако луѓето веќе испиле неколку пијачки.
„Одвреме-навреме ја покренувам оваа тема и тие ќе коментираат, по што можам да формирам свое мислење за тоа. Се разбира, тоа функционира само ако личноста е пијан доцна навечер и разговара со некого во бар, тогаш тоа се случува“, рече таа.
„Тие се екстремно горди на тоа (и затоа зборуваат за тоа) или едноставно ме гледаат како предмет и не размислуваат дали размислувам додека се со мене. Јавноста треба да знае дека непријателите на сиромашните и на ниската класа не се мигрантите, туку супербогатите. ‘Оданочете ги богатите’ итн. е шега зад затворени врати… Има овој човек во барот кој вика ‘оданочете ги богатите’ со секој нов пијалок. Тие се чувствуваат недопирливи“, рече Саломе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа