Трамп издаде итна наредба за две работи, веднаш стапуваат во сила
Министерството за внатрешни работи на САД соопшти дека Мексиканскиот Залив е официјално преименуван во Американскиот Залив, додека планината Денали сега ќе се вика МекКинли.
„По наредба на претседателот, Мексиканскиот Залив сега и официјално ќе биде познат како Залив на Америка, а највисокиот врв во Северна Америка повторно ќе го носи името Мекинли“, се вели во соопштението.
Промените ќе стапат на сила веднаш, додека Одборот за географски имиња на САД работи на ажурирање на официјалната федерална номенклатура во Информацискиот систем за географски имиња.
Планината Денали (МекКинли) се наоѓа на Алјаска и е највисоката планина во Северна Америка. Именувана е во 1917 година во чест на претседателот МекКинли. Во 2015 година, администрацијата на претседателот Барак Обама го смени името на планината во Денали.
Претходно оваа недела, заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, рече дека ниту една земја не треба еднострано да ги менува воспоставените географски имиња без да се консултира со релевантните меѓународни тела.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум Пардо рече дека иницијативата на Трамп за преименување на Мексиканскиот Залив ќе се однесува само на континенталниот гребен на САД и дека Заливот ќе продолжи да биде глобално познат како Мексикански залив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа