Парализиран аеродромот во Скопје поради густата магла
Густата магла што деновиве ја зафати земјава и особено главниот град Скопје, го парализираше Меѓународниот аеродром Скопје од каде што одложени и откажани се неколку летови.
Маглата предизвика значителни проблеми во авионскиот сообраќај, а во изминативе 24 часа неколку летови се пренасочени кон други аеродроми.
Летови кои се пренасочени:
- Летот од Анталија е пренасочен кон аеродромот во Приштина.
- Летот од Меминген е пренасочен кон Приштина.
- Летот од Баден Баден беше пренасочен кон Софија.
- Летот од Париз пренасочен кон Софија.
- Летот од Рим пренасочен кон Приштина.
- Летот од Малме беше пренасочен кон Приштина.
Освен тоа дел од летовите беа и целосно откажани. Откажани беа двата лета од Истанбул, како и летовите од Загреб и Венеција.
Авионот кој во Скопје доаѓа од Варшава поради маглата беше принуден да се врати на аеродромот од кој полетал.
Тие кои планираат да патуваат денес се советуваат да ги следат официјалните канали на Скопскиот аеродром за да ги добијат последните информации, како и да останат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа