Приведен млад скопјанец: Возел 121 км/ч каде што е дозволено 50 км/ч, му се заканува кривична пријава
Вчера во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Лицето било приведено во полициска сртаница и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„Безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа