Елмас и Наполи на стартот против Ливерпул, ПСЖ го чека Јуве, Баерн му гостува на Интер

 

 

Познат е комплетниот распоред за групната фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2022/23.

Првите натпревари се играат на 6. септември. Првото коло ќе го обележат три супер интересни натпревари, Пари Сен Жермен ќе го пречека Јувентус. Во исто време во Милано силите ќе ги одмерат Интер и Баерн, а Ливерпул ќе гостува во Неапол.

Наполи две сезони нема пораз во групната фаза од Лигата на шампионите на домашен терен.

Во второто коло, на 13.септември, во центарот на вниманиеот ќе биде Роберт Левандовски. Полјакот со Барселона ќе гостува во Минхен кај својот довчерашен тим Баерн.

Ден подоцна Ерлинг Холанд ќе игра со својот Манчестер сити против „својата“ Борусија Дортмунд.Третото и четвртото коло ќе ни донесат два дуели меѓу Милан и Челси, односно Интер и Барселона.

Што се однесува до единствениот претставник на „регионот“ во Лигата на шампионите, Динамо Загреб, чии дрес го носат Стефан Ристовски и Аријан Адеми, „модрите“, ќе стартуваат на домашен терен – на 6. септември ќе им гостува Челзи.

Осум дена подоцна, во второто коло Динамо гостува кај Милан, а потоа на 5. октомври Динамо патува во Салцбург. Австријците на 11. октомври ќе гостуваат во Загреб, Милан на 25. октомври доаѓа на „Максимир“, а во последното коло избраниците на Анто Чачиќ го играат во Лондон на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи на 2 ноември.

Годинава поради зимското Светско првенство групната фаза од Лигата на шампионите ќе биде комплетирана на 1. и 2. ноември. Значи – шест рунди за помалку од два месеци.

 

27.08.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега