Експлозија во Црна Гора, загинаа две лица во Цетиње

Две лица загинаа, а тројца се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана експлозивна направа, пренесуваат тамошните медиуми.

Според неофицијалните информации на „Вијести“ убиени се членовите на криминалниот скаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ.

Еден од нив починал на лице место, вториот потоа им подлегнал на повредите.

Полицијата со месеци стравуваше дека вакво нешто може да се случи во Цетиње, бидејќи во последните шест месеци беа ослободени голем број членови на криминални кланови.

Повеќето од нив беа пуштени од притвор бидејќи судот не донесе ниту првостепена пресуда три години по нивното притворање. Најголем број лица, кои полицијата ги доведе во заблуда како припадници на ОКГ, се лоцирани во Цетиње.

20.06.2024 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега