Дубаи добива воздушно такси: Првите летови во 2026 година
Воздухопловните такси во Дубаи ќе започнат со работа до првиот квартал на 2026 година, изјави за РИА Новости Калед Ал Авади, директор на одделот за транспортна технологија во Управата за патишта и транспорт на Дубаи (RTA).
„Имаме план до првиот квартал на 2026 година да започнеме со авио такси услуга. Во моментов работиме на тестирање и сертификација на самото возило со нашите партнери. Ја започнуваме и фазата на дизајнирање на станици со Скајпорт, британска компанија која ќе развива хелиодроми“, рече тој.
Според него, во Дубаи се планира изградба на четири вертикални аеродроми за такси возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа