Државата ги „чешла“ супермаркетите: Мицкоски најави ригорозни контроли

 


„Договоривме чекори кои што ќе се случат почнувајќи од денеска. Знаете дека беа потенцирани два ланци на супермаркети кои според кажувања на новинари, правеле одредени изигрувања на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и деновиве кои што следат“.

Ова денес го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на касарната „Гоце Делчев“ каде присуствуваше на симулација на сајбер хибриден напад.

-Според информациите со кои располагаме, имаме отприлика околу 20.000 коминтенти по ланец супер-маркети. Треба да се навлезе во тоа, да видиме дали постојат вакви индиции. Истовременои други трговски објекти ќе бидат подложни на контроли бидејќи стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме сè како Влада да го заштитиме стандардот на граѓаните. Сите треба да знаат дека сме сериозни и дека овој напад го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а ние како Влада имаме право и обврска да го штитиме јавниот интерес и стандардот на граѓаните, рече премиерот.

29.01.2025 - 12:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега