Драма во Македонија - Киднапирана жена

 

СВР Штип до ОЈО Кочани поднел кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување" од чл.144 ст.1 од КЗ.

МВР денеска соопшти дека на 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото.

На 07.04.2025 лицата се изведени пред судија на претходна постапка во судот во Кочани, при што на Р.Ѓ. и е одреден домашен притвор, а на Г.А. и Б.Ч. притвор во траење од 30 дена. 

08.04.2025 - 09:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега