Драма во Кисела Вода: Двајца соседи претепале сосетка


Двајца соседи физички нападнале сосетка во Скопје.


Денеска во 01.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Б.М.(47) и С.М.(35), двајцата од Скопје.


Б.М. се сомничи дека физички ја нападнал сосетката М.П.Б.(35) од Скопје, а потоа неговата сопруга С.М. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.


По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

19.04.2024 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега