Докторите ќе останат без плата - нема пари ни за породилни отсуства

 

Утре нема пари за докторите, известуваат од ФЗОМ оти се под хакерски напад. 

„Слободен печат“ пренесува дека повеќе директори на клиники им изјавиле дека добиле најава од Фондот за здравство дека утре нема да може да исплатат плати за вработените зашто хакиран е тој дел од системот на ФЗОМ и додека не се врати во првобитната функција, исплатите нема да бидат возможни.

Освен плати за лекарите, нема ни исплати на породилни отсуства, отворање на нови, исплати на боледувања или нивно продолжување.

Останува непознато дали во хакерскиот напад се загрозени здравствените податоци на пациентите.

Од МВР рекоа дека секторот за компјутерски криминал работи на проблемот, откако од ФЗОМ им најавиле дека се цел на хакерски напад.

09.02.2023 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега