Дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
Повторно паника во Скопје, во две средни училишта утринава имало дојави за бомби.
МКД.МК пишуваат дека две средни училишта во Скопје добиле мејл пораки дека во нивните згради била поставена експлозивна направа, а МВР ја потврдиле информацијата.
- „Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР за МКД.МК.
Наставата во училиштата не била прекината.
08.04.2025 - 10:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа