Дневен хороскоп: Шкорпиите расположени за љубов, Бикот полн со енергија

 

ОВЕН

Ве чека атмосфера на неизвесност што се однесува до важен одговор од страна на еден од клучните соработници. Овој ден ви носи хармонија и нераскинлива врска меѓу вас и партнерот. Слободните ги чека врска со личност во знакот на Стрелец и Вага. Притисокот варира.

БИК

Денешниот ден може да ви донесе посебен предизвик. Меѓучовечките односи може да станат проблематични во еден момент. Не се советува да започнувате разговор околу чувствителни теми и некои спорни прашања со партнерот, затоа што разговорот може да се претвори во караница. Полни сте со енергија.

БЛИЗНАЦИ

Некое ваше хоби може да се претвори во работа, а вашите оригинални идеи би можеле да ви донесат финансиски успех. Слободните Близнаци може денеска да запознаат една Водолија. Ве очекува бурна љубовна авантура. Стомачни проблеми.

РАК

Ако ја слушате својата интуиција, успешно ќе завршите еден добар дел од вашиот работен план. Чувајте ги своите тајни од конкуренцијата. Пости личност која долго време ви се допаѓа на работа, а токму со таа личност може да влезете во тајна врска. Сменете го режимот на исхрана.

ЛАВ

Овој ден ви носи позитивна енергија која може да ви помогне да завршите многу важна работа. Ве очекува хармонизација на односот со партнерот, а слободните Лавови ги чека возбудлива љубовна авантура. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Неочекувани ситуации на работата ќе бараат компромисно решение како и примена на резервен план. Овој ден носи посебно искушение во вид на можност да влезете во врска со личност која не е слободна. Чувствителен стомак.

ВАГА

Овој ден ви носи рекапитулација на минатонеделните резултати. Слободните Ваги го привлекуваат вниманието на спротивниот пол во секој чекор. Станувате магнет за љубов, па ве очекува флерт, дури и од страна на личност со која не би било мудро да се зближите. Пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА

Денеска ќе ви тргнува се од рака, така што ќе успеете да завршите еден од најважните делови на вашиот план. Шкорпиите денеска посебно ќе бидат расположени за љубов, а тоа се чувствува во воздухот, па може да влетате во една возбудлива и страстна авантура. Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Важно е што е можно повеќе да и верувате на вашата интуиција, затоа што таа ќе ве поведе кон успех. Атмосферата на љубовното поле е преполна со некој еротски електрицитет. Денеска може да се впуштите во авантура која се заснова повеќе на физичка привлечност отколку на емоциите. Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

И покрај проблемите и меѓучовечките односи и непредвидливите пречки, вашите резултати се натпросечни. Јарците кои се во брак, во секое време се наоѓаат во еден вид на криза. Лоша циркулација.

ВОДОЛИЈА

И покрај извесната ситуација која носи новиот почеток на неделата, атмосферата која владее на работа укажува на одлични изгледи и успешна иднина. Слободните Водолии ги очекува љубовна авантура со Лав или Вага. Проблеми со циркулацијата.

РИБИ

Денешниот ден може да ви донесе неочкувани вести од страна на соработниците. Некои нови услови во вашата соработка може во значителна мера да бараат компромисно решение од ваша страна. Љубовната авантура со личност во знакот на Водолија ќе ги оживее вашите сетила. Рибите кои се во брак ги очекува хармонизација на односот со партнерот. Проблеми со белите дробови.

21.03.2022 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега