Дневен хороскоп: Еден знак ќе добие унапредување на работното место

 

OBEH – Овој понеделник ве очекува бавен старт по прашањето на засилено ангажирање, или за некои нови идеи. Водете сметка околу финансиите, можни се непланирани трошоци. Доколку ве мачат некои дилеми од минатото, еве ден кога би можеле да се занимавате со нивно решавање. Можни респираторни тегоби.

БИK – Првиот работен ден го дочекувате во добар ритам и расположение. Доста работни обврски и натаму ќе ве окупираат, но немојте да губите трпение, туку чекор по чекор тргнете кон зацртаните цели. Потребно е да дадете малку повеќе слобода на личноса која ви значи, намелете ја посесивноста и се ќе биде во ред. Многу добро здравје.

БЛИЗHAЦИ – Поволни се околностите за започнување на нови проекти. Сметајте на голема поддршка на личност која го цени вашиот труд и секако прифатете ја неговата помош. Партнерот ќе биде повеќе од подготвен да ви се посвети, а на вас е да вратите. Заморот може да ви дава мала главоболка.

PAK – Бидете отворени за сугестии и промени во досегашниот начин на работа. Можна е помош на некоја влијателна личност. Доколку работните обврски ви дозволуваат, би требало да се посветите на случувањата на љубовното поле, во спротивно можни се критики. Бидете физички активни.

ЛAB – Уште една предизвикувачка работна седмица е пред вас, и колку и да мислите дека ништо не ви оди од рака, ќе имате доволно енергија и пред се мотивација со сите потешкотии да се посветите на „лавовски“ начин. Шармерските способности на слободните лавови ќе бидат на тест. Немојте да дозволите да се збуните. Чувствителнот на урогениталниот тракт.

ДEBИЦA – На работното поле оваа седмица ќе ви се отворат многу шанси и понуди, а вие само треба да го препознаете и да го искористите вистинскот момент. Треба во вашиот однос со партнерот да внесете повеќе страст, искреност, внимание… и да ја подигнете врската на едно повиско ниво. Можни стомачни проблеми.

BAГA – Со доста ентузијазам го дочекувате почетокот на новата работна седмица. Ве очекуваат позитивни работи, почнувајќи од опкружувањето, па преку некои работни понути кои вреди да се разгледадат. Љубовната врата ви е отворена за сите акции и идеи кои сте ги замислиле на тоа поле. Можно е мало изненадно познанство и љубов на прв поглед. Сосема солидно е здравјето.

ШKOPΠИJA – Од самиот старт можно е да ви биде понуден некои нов договор или разговор за нова работа или проект. Зафатените ќе имаат предуслов да уживаат со партнерот и да бидар добро расположение. Чувајте се од настинки.

CTPEЛEЦ – Поволен работен ден. Тензиите спласнале и може да очекувате опуштен пристап од секојдневните обврски. Чувството дека сте во расчекор со саканата личност, би можел да ве наведе на размислување на преиспитување на некои од своите ставови. Многу добро здравје.

JAPEЦ– Засилено ангажирање ве очекува овој понеделник. Се оди според планот, но бидете трпеливи кон работното опкружување, особено кон оние кои не може да го испратат вашето темпо. Можеби нема да бидете задоволни како партнерот се однесува кон вас. Сакате да знаете зошто е тоа така. Здравјето е многу добро.

BOДOЛИJA – Продолжува период на засилено работно ангажирање. Советот е да избегнувате импулсивни одлуки, колку и сите да ви одат на нерви. Можно е сосема ново познанство со доста млада личност, поврзана со работното опкружување. Можна нервоза, стрес.

PИБИ – Не се препорачува првиот ден да го почнете со лоша комуникација, затоа што колку и да сте во право, нема ништо да постигнете. Можен краток службен пат. Размислете за својот ангажман во љубовта, доколку сакате некои работи да ги свртите за доброто на врската. Бидете внимателни во сообраќајот.

30.10.2023 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега