Дневен хороскоп: Еден знак да не очекува поддршка од другите, работите најдобро ќе ги завршите сами

 

Овен
Иако со сите сили ќе се трудите да го подобрите сексуалниот живот , денеска во ова подрачје би можеле да имате мал неуспех. Ќе се сетите на некои предлози на лица од странство и ќе се потрудите со нив да ги обновите деловните потфати. Чувствителност на жолчката или црниот дроб.

Бик
Вашата самоувереност би можело денеска да биде сериозно нарушна.Сетете се на љубовните успеси за да се охрабрите. Некои ќе ја истражуваат историјата на фирмата или на професијата што ја работите. Ќе биде интересна дигресија од секојдневните задачи.

Близнаци
Најдобро ќе поминат оние љубовта нема да ја изразуваат со зборови , туку со дела. Се ќе биде во ред ако не зборувате. Ќе бидете склони дефинитивно да завршите некоја работа и да отоврите ново поглавје на сосема различен начин. Тешко ќе ви оди со изборот на вистински зборови.

Рак
Вашите пријатели ќе ви покажат кој е најдобриот пат до нечие срце. Послушајте ги и не прашувајте премногу. Денеска е подобро да бидете настрана од шефовите , бидејќи и со најдобра намера, лошо ќе влијаат на вас. Наспијте се откако ќе се прошетате.

Лав
Не треба да се трудите да бидете љубезни , зашто нема да бидете уверливи. Бидете едноставно природни и правете го она што ви се допаѓа. Ќе бидете под големо влијание на оние околу вас . Можно е некој од соработниците да ви се вовлече под кожа. Лошото чувство утре ќе се изгуби.

Девица 
Оние кои одржуваат врска на далечина денеска ќе ја пренасочат во друга насока. Ќе дојде до промена. Можен е динамичен состанок со шефовите каде ќе размените различни идеи или мислења. Претстојат нови планови за патувања.

Вага
Во текот на денот ќе ги расчистите сомневањата и ќе го вратите во рамнотежа вашиот однос со саканата личност. Денеска не очекувајте поддршка од други. Потпрете се на сопствените сили и се ќе помине подобро. Здравјето ви се подобрува.

Шкорпија
Вашите зборови ќе допрат длабоко во душата на саканата личност и ќе постигнат ефект за паметење. Слободно изразете ги чувствата. Ви претстои финансиска загуба, со која тешко ќе се помирите. Сепак бргу ќе најдете начин тоа да го надоместите. Ќе бидете прецизни.

Стрелец
Некои ќе заведуваат преку кујната, а другите со хумор. И во двата случаи ќе има успех. Денеска би било добро да не соработувате со млади , зашто нема да се разберете.Ограничете се на други соработници. Некои ќе дочекаат сакана личност од патување.

Јарец
Од внатре нешто ќе ве натера да направите потег што е целосно откачен , но ќе биде полн погодок. Можно е да ви ги оспоруваат резултатите од работата.Не влегувајте во расправија, туку почекајте до утре кога се ќе може полесно да докажете. Ви претстои период на забави.

Водолија
Денеска занемрете ги идеите што ви доаѓаат од интуицијатаи држете се до она што можете да го видите и да го допрете. Ќе имате зголемено влијание врз другите , па тоа искоритете го во работата , која се развива и без тоа , многу добро. Патите од несоница.

Риби
Можно е да ве освои млада личност по возраст или според духот. Тешко ќе и одолеете. Вие ќе сакате една идеја а вашите надредени друга. Денеска не е ден за размена на мислења.Воздржете се. Здравјето ви се подобрува.

13.09.2022 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега