Директна интервенција на пазарот: Државата ќе ја намалува цената на становите

 

Државата планира со директна интервенција на пазарот на недвижности да ги намали цените на становите. Како што објасни Министерот за транспорт, Александар Николоски на Тв Алфа, општините веќе добиле задолженија да идентификуваат парцели во државна сопственост каде што државата би градела згради кои потоа би ги продавала по цени кои се под пазарните.

„Директна интервенција на пазар, ние побаравме на седница на влада да ни дадат општините информација, секаде онаму каде што има државно земјиште, да Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор  гради  сопствени објекти каде што ќе оди без заработка или со минимална заработка на тој начин да ја коригира цената на становите и затоа веќе во Битола одиме со 67 стана 11 дуќани 71 паркинг место. Паркинг местата ќе одат 500 евра за квадрат, дуќаните 2000 евра за квадрат, а становите 1000 евра за квадрат. Во моментов во Битола становите се движат некаде од 1500 до 2000 евра за квадрат, што значи дека овде има од 50 до 100% намалување. Во однос на другите градови точно Скопје е најголем предизвик и работиме со општините да идентификуваме места каде што може јавното претпријатие да гради и на тој начин да се корегира цената на пазарот.“ – рече Николоски

23.01.2025 - 09:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега