Димитриевски: Немаме договорено кадровски решенија - сѐ уште разговараме за платформи
Првиот човек на партијат Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски пред почетокот на Конститутивната седница во Собранието рече дека партијата очекува многу од новото парламентарно мнозинство.
Како потенцијален владин партнер, вели дека може многу да придонесат за сериозна имплементација на програмските определби на ЗНАМ.
Прашан дали се договорени кадровските решенија, Димитриевски вели дека тоа не е во преден план.
-Немаме договорено никакви кадровски решенија, ние сѐ уште разговараме на платформи. За нас во втор план, првенствено поделбата на власта и министерските позиции, сето она што значи одговорност во власта. На прв план е сето она што го ветивме во предизборниот период, рече Димитриевски.
Прашан дали ќе го поддржи Гаши за нов претседател на Собранието, првиот човек на ЗНАМ рече: „Да, секако“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа