Дете каснато од куче-скитник во Скопје - Внимавајте кога се движите
Полициските билтени секојдневно се полнат со вести за лица каснати од кучиња на улиците.
На 04.03.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(48) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека во с.Булачани, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 04.03.2025 во 19.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.П.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 04.03.2025 во 11.30 часот во СВР Битола, М.Р.(62) од Битола пријавил дека на ул.„Илинденска” во Битола била касната од куче скитник.
На 04.03.2025 во 10.36 часот во Полициската станица Велес, Б.Н.(71) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа