Денеска имаме топло време - температури до 17 степени

Сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Во најголем дел од земјава ќе биде претежно сончево, освен во сабота кога облачноста ќе се зголеми. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет.

29.12.2023 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега