Денеска е спомен на Светиот пророк Осија: Го прорече доаѓањето на Господа

Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа.

Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено.

Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господа и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата.

Живееше до длабока старост и мирно се упокои.

30.10.2023 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега