ЦУК: Два пожара на отворено во последното деноноќие

Утрово, Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека нема двоцифрени бројки за пожари на отворен простор во последното деноноќие. Во согласност со информациите во Секторот за операции и координација (СОК) во ЦУК, имало вкупно два пожара на отворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови, во општина Битола, кај селото Лажани, каде што горела ниска вегетација, и во општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што горело стрниште.

Според последниот извештај за работата на Единствениот број за итни случи 112 во ЦУК имало вкупно 1.558. Од делот повици за итни случаи кон полицијата биле упатени 55 %, кон итната медицинска помош 37 %, а кон пожарникарите (ППЗ) 3 %. Преостанатите повици, што е вообичаено од 3 до 10-ина проценти, се однесуваат на итни случаи што има потреба да се решаваат со комбинирани сили на теренот и ги решава ЦУК координирајќи според природата на пријавениот случај, ангажман на институции од Системот за управување со кризи (СУК) во државата. Во одреден број случаи ЦУК координира итни ситуации и со институции од други соседни и други земји бидејќи итните случаи, непогодите и катастрофите не познаваат граници, велат од Центарот за управување со кризи.

03.11.2023 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега