МВР со детали за пожарот во Кочани: Изгореа три автобуси и комбе
МВР информираше дека денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
„Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема.
Во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани“, стои во соопштението од МВР.
01.07.2025 - 11:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа