„Чекај малку, па тоа не е Меган“: Твитер екипата забележа друга девојка покрај принцот Хари на Супербоул
Принцот Хари (37) на трибините го следел финалето на американскиот фудбал Супероул, но не со сопругата Меган маркл (40), туку во друштво на друга девојка.
Некои Твитер корисници на почетокот мислеле дека тоа е Меган, сè додека една објава подоцна не покренала лавина коментари.
„Кога световите ќе се судрат. Принцот Хари и принцезата Јуџин на Супербоул“, пишува покрај фотографијата на Твитер, а објавата привлекла многу реакции.
„Има смисла таа да е со него. Одеше на двојни состаноци со Хари и Меган и е единствената што некогаш јавно ги поддржа“, пишува еден корисник.
„Ако беше Меган таму, хејтерите би се прашале кој се грижи за децата“, искоментирал друг корисник, алудирајќи на тоа дека и Јуџин има дете, а медиумите не пишувале за тоа како што би пишувале за Меган.
„Кога нетоксични членови од семејството поминуваат време заедно“, ги поддржале многумина во коментари на социјалните мрежи.
Хари носел бела маица и темно одело, а тој и Јуџин биле едни од ретките познати лица кои носеле заштитна маска додека седеле на трибините, додека останатите, како Џенифер Лопез, Бен Афлек, Каније Вест и Бијонсе - биле видени без маски.
Тоа би можело да биде последица од загриженоста на Хари околу ситуацијата со Ковид-19, откако неговиот татко, принцот Чарлс (73) минатата недела беше позитивен на вирусот, а потоа и војвотката Камила.
Well well well! When worlds collide
Prince Harry and Princess Eugenie at #SuperBowlLVI pic.twitter.com/EuClRUpaV9
— Amanda (@MattaOfFact) February 14, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа