Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

 

Бугарскиот пратеник Манол Пејков, од 16 до 19 март, преку хуманитарна кампања, собра 34.200 евра за настраданите во хоророт во Кочани, пишуваат бугарските медиуми.

Пејков објави дека ќе стапи во контакт со семејствата на настраданите во Софија и Варна, за да им ги донира парите.

Тој најави дека ќе оствари и средба со амбасадорот на Северна Македонија во Софија, за да го изрази своето сочуство.

Инаку, во пожарот во Кочани загинаа 59 лица кои ќе бидат погребани денеска, додека повеќе од 160 се повредени и се на лекување во Клиниките низ државава, во регионот и странство.

Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

20.03.2025 - 11:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега