Бугарската такса ќе ни го поскапи парното за 20%

 

Ако Бугарија не ги ослоби капацитетите од постоечкиот гасовод за да може во земјавa да се внесе гас и од други извори, премиерот Ковачевски вели дека правдата ќе ја бара пред меѓународните судови. Бугарија од денеска ќе наплаќа за рускиот гас кој од Гаспром преку Булгартранс гас влегува тука.

Ковачевски вели дека оваа давачка не е во согласност ниту со пазарните принципи, ниту пак со оние на ЕУ и дека заедно со министерот Бектеши реагирале и до Европската комсија. Ако не се исполни барањето на македонските власти, цената и на затоплувањето  и на струјата ќе порасне за 20 отсто.

Нема да се откажеме од барањето за капацитетите ниту за таксата затоа што се работи за неправедно наметната такса, која нема ништо заедничко ниту со пазарните принципи, ниту со директивите на ЕУ. Ако треба тоа ќе го правиме и прку меѓународните судови

Но, Европската комисија  до која стигнаа реакциите од земјава, вчера даде зелено светло за таксата. Според проценките со давачката Бугарија ќе заработи над 1,2 милиони евра.

01.11.2023 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега