Бугарин кој требаше да игра против Македонија приведен поради учество во престрелка
Бугарски фудбалски репрезентативец кој е селектиран да игра против Македонија на 2 јуни, денеска заврши во полиција во Софија. Напаѓачот на ЦСКА Софија, Ѓорѓи Јомов, кој е и бугарски репрезентативец, утрово е приведен да даде исказ, поради учество во синоќешната престрелка со огнено оружје на бензинска пумпа во Софија. Наводно, во инцидентот биле инволвирани неговите брат и татко кои се во бегство, а Јомов морал да даде исказ за случајот.
Како што наведуваат бугарските медиуми, Ѓорѓи Јомов изјавил дека дошло до недоразбирање меѓу неговиот брат и непознати лица, а во расправијата потоа се вклучил и таткото, при што било употребено и огнено оружје. Во престрелката биле повредени две лица, од кое едното е во животна опасност.
Ѓорѓи Јомов е еден од повиканите во репрезентацијата на Бугарија за натпреварот против Макдедонија на 2 јуни во Разград, како дел од новото издание на Лигата на нации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа