Бочварски: Преку голем број проекти и иницијативи до одржлив развој и побрза енергетска транзиција

 

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше на  Економскиот форум во Валандово, каде се обрати на панелот посветен на нови енергетски трендови и одржлив развој.

Министерот Бочварски потенцираше дека преку голем број иницијативи и мерки што ги реализираше Владата успешно се ублажени последиците од енергетската криза и дополнително преку кои се придонесува кон енергетска транзиција. Тоа особено се рефлектираше во делот на поставување на фотонапонски електроцентрали од страна на домаќинствата и бизнис заедницата.

Силно сме посветени во реализација на многубројни проекти со цел обезбедување одржлив развој, енергетска транзиција и носење иницијативи преку кои наметнуваме нови енергетски трендови. Минатата година поминаа измените во Законот за градење со кои ги поедноставивме процедурите за поставување фотоволтаици и можам да кажам дека сум задоволен од големиот интерес кај граѓаните и бизнисите, што значи дека политиките што ги водиме носат позитивни резултати. Во истата насока, активно ја градиме и гасоводната мрежа низ цела држава, а посветено работиме и на доизградба и реконструкција на патната и железничката инфраструктура, со што со сите овие проекти сериозно придонесуваме кон намалување на загадувањето и обезбедување поздрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани." – истакна министерот Бочварски.

Министерството за транспорт и врски продолжува активно да работи на реализација на голем број проекти со кои се обезбедуваат значајни бенефити за граѓаните и стопанството, со цел одржлива економија и забрзан раст и развој.

26.04.2023 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега