Бислимоски: РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата, тоа го прават Советите во општините
Марко Бислимоски на својот официјален фејсбук профил напиша дека РКЕ не носи конечна одлука за цената на водата.Тоа го прават советите на општините.
„РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки.
Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизра.
Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината.
Фактите покажуваат дека на национално ниво 60% имаме загуба на водата. Што значи дека губиме непроценливо богатство поради отсуство на инвестции. Советите отчетно и транспарентно да им објаснат на граѓаните каде се инвестира секој денар.
РКЕ останува на ставот во целост да го преземе регулрањето во делот со цени на води за да се зголемат инвестициите, подобри услугата и да се регулираат вработувањата согласно потребите.
Во однос на цената за вода за град Скопје, ЈП Водовод и Канализација доставија барање во кое побараа зголемување од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво. Рке по направените анализи даде предлог цена што на крајните сметките ќе начи зголемување од 7 денари. Советот треба да донесе конечна одлука."- стои во објавата.
24.02.2023 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа