Бесими единствениот политичар во топ 50 највлијателни луѓе во регионот

 

Министерот за финансии Фатмир Бесими е единствениот политичар од државата кој се најде на листата Топ 50 највлијателни луѓе во регионот, според рангирањето на Блумберг Адриа. Издавањето граѓански обврзници му ја донесе номинацијата да се најде на оваа листа. Во неговиот мандат, во два наврати министерството за финансии организираше аукции на двегодишни граѓански обврзници, на кои беа запишани над 40 милиони евра. Во неговиот мандат беа издадени и зелени обврзници, но и структурни обврзници со кои неколку општини ги намируваат достасаните обврски. 

 „Сите овие инструменти се вистинско освежување на македонскиот пазар на хартии од вредност, кој досега беше доста монотон. Со издавањето на граѓанските обврзници, македонското Министерство за финансии беше пример и за некои поразвиени пазари на капитал од регионот што не се вклучија во проширување на понудата за граѓаните. Фатмир Бесими затоа ја прими Годишната награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност, која на Министерството за финансии му ја додели Македонската берза, стои во образложението на „Блумберг Адрија“ .

„Ние во Блумберг Адрија на развојот на финансиските пазари во регионот гледаме со посебно внимание, тоа е исклучително важно прашање, кое е дел од севкупниот развој на земјите. Затоа секоја новина е за поздравување и во иднина очекуваме нов квалитет во секоја економска област во земјава. Ние сме овде да работиме економијата и финансиите да бидат клучна тема за дебата, изјави Александра Томиќ, главна уредничка на „Блумберг Адрија“ дигитал. 


01.02.2024 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега