Бајден оди на Хаваите, ќе се сретне со преживеаните по пожарот

 

 

Американскиот претседател и првата дама Џо и Џил Бајден следната недела ќе отпатуваат на Хаваи за да го обиколат одморалиштето на островот Мауи што е опустошено од смртоносните шумски пожари, соопшти Белата куќа.

Во понеделник Бајден ќе се сретне со спасувачите и со преживеаните, како и со федералните, државните и локалните власти, се вели во соопштението на Белата куќа.

Шумскиот пожар, во кој загинаа најмалку 106 лица, избувна минатиот вторник во близина на градот Лахајна и за неколку часа изгоре површина од 13 квадратни километри. Пожарот уништи 2.200 згради, а штетата се проценува на 5,5 милијарди долари, соопштија властите.

Една недела од пожарот, трауматизираните жители на Западен Мауи преживуваат со помош, а на многумина не им е дозволено да ги прегледаат своите домови и да чекаат вести за своите најблиски. Стотици луѓе се уште се водат за исчезнати.

Околу 20 кучиња трагачи ги предводеа тимовите да го пребаруваат пожарот блок по блок. Од вторникот, тимовите покриле само 27 отсто од областа на катастрофата, рече гувернерот Џош Грин во телевизиското обраќање во вторникот. До викендот се очекува да се расчисти околу 80 до 90 отсто од зоната.

16.08.2023 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега