Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка
Австрискиот канцелар Карл Нехамер и шеф на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) синоќа изјави дека во наредните денови ќе поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на ОВП, откако по вторпат пропаднаа преговорите за формирање нова влада.
-Преговаравме долго време и праведно. Не е можно да се постигне договор со Социјалдемократската партија за важни точки. Народната партија останува на своите ветувања: Нема да се согласиме со мерки кои се против бизнисот или за нови даноци. Затоа ги завршуваме преговорите со Социјалдемократската партија и нема да ги продолжиме, напиша Нехамер на мрежата Икс.
Тој за јавниот радиодифузен сервис ОРФ изјави дека ќе се повлече „и како канцелар и како лидер на ОВП во наредните денови“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа