„Авиони духови“ на олигарсите на Путин: Тајно патувале до луксузни дестинации

 

Според британски „Телеграф“ санкционираните руски олигарси претрпеа понижување на почетокот на војната во Украина кога голем број од нивните приватни авиони беа конфискувани. Сè се случи, како што пишува медиумот, кога работната група предводена од американското Министерство за правда, со намера да изврши притисок врз внатрешниот круг на рускиот претседател Владимир Путин, вети дека ќе го „заплени имотот“ на санкционираните руски олигарси.

Потоа се случи бизарна работа, пишува британски „Телеграф“. Многу авиони едноставно почнаа да исчезнуваат од записите, на пример некои од нив е невозможно да се најдат преку услуга за следење како „Flight Radar“. Јасно е дека многу од авионите биле пререгистрирани под нов број.

Официјалните податоци на руската Федерална агенција за воздушен транспорт покажуваат дека минатата година имало пораст на нови регистрации на приватни авиони, пренесува „Јутарњи лист“.

Една од последиците од ваквата постапка е што сопствениците на луксузни авиони, т.е. руските олигарси, сега уживаат ново ниво на анонимност кога летаат низ светот. Авионите мора да бидат регистрирани во национално тело и нивната пререгистрација во различни земји е целосно легална.

Понатаму, повеќето олигарси ги поседуваат своите приватни авиони преку комплицирани структури кои вклучуваат офшор фирми кои го отежнуваат воспоставувањето сопственост. Само Форбс идентификуваше дури 26 авиони поврзани со руската финансиска елита.

Анализата покажува дека многумина сè уште слободно летаат низ светот во земји кои не воведоа санкции.

На пример, авион за кој се верува дека му припаѓа на Дмитриј Мазепин, сопственик на производителот на ѓубрива „Уралхем“, летал меѓу Сочи, каде што се шпекулира дека е сместен Путин, Дубаи, Маурициус, Малдиви и Казахстан.

Друг поврзан со Владимир Потанин, еден од соработниците на Путин, редовно патува меѓу Истанбул, Москва и Сочи, понекогаш со време на враќање во рок од неколку часа.

Авион „Gulfstream 650“ поврзан со Херман Греф, службеник на најголемата руска државна банка, патувал меѓу Намибија, Зимбабве, Узбекистан и Дубаи.

Мазепин, Потанин и Греф се предмет на санкции во Велика Британија. ЕУ ги санкционираше и Греф и Мазепин. САД ги санкционираа Потањин и Греф.

Други дестинации на авиони поврзани со санкционирани олигарси се Делхи, Пукет, Техеран, Каиро и Азербејџан, како и Пекинг и Женгжу во Кина.

22.05.2023 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега