Апсење во Скопје: Го барале со две потерници, полицијата конечно го фати

 

Полицијата  вчера лишила од слобода лице барано со две централни потерници.

Според информациите, се работи за  Г.Г. (46) од Скопје, за кој имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од  една година, 11 месеци и 20 дена.

Тој сторил кривични дела во врска со член 297 и член 235 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Г.Г. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

 

 

28.05.2025 - 08:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега