Апсење на повеќе локации во Македонија - приведени десет лица


Полицијата во текот на денешниот и вчерашниот ден на територијата на државава приведе 10 лица поради дрога.

Денеска во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. 

Вчера во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 22.10 часот во Свети Николе, полициски службеници при ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Б.М.(19) од Свети Николе, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Ноќеска во 00.30 часот на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.А.(19) од с.Горно Седларце, Е.А.(18) и Д.Г.(18), двајцата од с.Жеровјане и Х.Е.(18) од с.Теново, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица. 

Вчера во 00.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Р.С.(23) од Делчево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

26.09.2024 - 18:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега